36 Палестинци починале од глад, а 3.500 деца се во опасност од смрт поради неисхранетост и недостиг на храна / Photo: Reuters

УНРВА издаде соопштение во врска со потребите од храна за луѓето во Газа, каде што бројот на раселени Палестинци поради израелските бомбардирања и гранатирања достигна два милиона.

Во соопштението што се базира врз податоците на организацијата за човекови права на Норвешкиот совет за бегалци (НРЦ) и други организации се истакнува дека 83 % од потребната помош во храна не може да се дистрибуира до Појасот Газа и се додава:

„(Во Газа) Луѓето во просек јадат по еден оброк на два дена. УНРВА и нејзините партнери во активностите што ги организираа дистрибуираа високоенергетски бисквити за децата со цел да се намалат ефектите од неисхранетост“.

Се случува хуманитарна катастрофа

Хуманитарна катастрофа има во Појасот Газа, каде што израелската армија продолжува со нападите повеќе од 11 месеци.

Поради израелските ограничувања, голем број луѓе во Газа не можат да пристапат до основни животни потреби, како што се храна, вода, хигиенски материјали и засолниште.

Според податоците на Канцеларијата за медиуми на Владата во Газа, 36 Палестинци ги загубиле животите поради глад во регионот, а 3.500 деца се во опасност од смрт поради неисхранетост и недостиг на храна.

Специјалниот известувач на ОН за правото на храна, Мајкл Фахри, го обвини Израел дека води „кампања на глад“ против Палестинците во нападите врз Појасот Газа, кои влегоа во дванаесеттиот месец, при што нагласи дека Палестинците во Газа сочинуваат 80 % од светското население што страда од критична и катастрофална глад, заклучно со декември 2023 година.

Во Глобалниот извештај за кризата со храна, подготвен од Глобалната мрежа против кризата со храна, се вели дека Појасот Газа, кој е цел на израелските напади, продолжува да е место што „страда од најтешката криза со храна“ во историјата на извештајот за глобални кризи со храна.

Во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври убиени се 41.272 Палестинци, од кои најмалку 16.795 деца и 11.378 жени, а 95.551 се повредени.

AA
Популарни