Обединетите нации повикаа на „транспарентна и веродостојна“ истрага за израелскиот напад врз екипата на ТРТ Араби во Газа, арапскиот телевизиски канал на турскиот јавен сервис ТРТ.
„Сѐ уште немаме детали за овој инцидент. Тоа е уште еден впечатлив и јасен пример на опасност со кој се соочуваат новинарите во Газа. Овој инцидент, како и сите други, треба да се истражат на транспарентен и веродостоен начин“, рече гласноговорникот Стјепан Дујарич за Анадолу.
Во текот на подготовките за емитување во бегалскиот камп Нусеират во централна Газа, возилото на еикипата на ТРТ Араби нападнато е од страна на израелската војска. Сами Шахада, кој работеше како независен снимател, тешко е повреден и мораше на операција. Репортерот на ТРТ Араби Сами Берхум помина неповреден.
Претходно, на конференција за новинари, Дујарич е запрашан за извештаите за неодамнешниот напад на новинарите во Украина каде рече: „Немаме посебни детали за тоа, но ги видовме извештаите. Она што можам да ви кажам е дека тоа уште еднаш ги покажува ризиците кои новинарите ширум светот ги преземаат обидувајќи се да известуваат.“
„Видовме, мислам на палестински новинар кој работи за турски новински ентитет во Газа и нашите колеги во Судан, разговаравме за суданските новинари кои сите се борат, мислам дека новинарите во цел свет се борат да ја работат својата работа на сигурен начин“, додаде тој.
Израел водеше воена офанзива во Појасот Газа од прекуграничен напад на палестинската група Хамас на 7 октомври во кој се убиени околу 1.200 луѓе.
Од почетокот на војната во Газа убиени се повеќе од 33.600 Палестинци. Израел исто така воведе блокада на енклавата, оставајќи го нејзиното население, особено жителите на северна Газа, на работ на гладта.
Израелската војна во Газа принуди 85 отсто од населението во енклавата внатрешно да се расели, предизвика акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени, според податоците на Обединетите нации.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за да гарантира дека хуманитарната помош ќе стигне до цивилите во Газа.