Бројот на загинати Палестинци во нападите врз Газа од 7 октомври достигна 39.929, соопшти Министерството за здравство во енклавата / Photo: AA

Директорката за хуманитарна помош при Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (OЦХA) Лиза Доутен изјави дека Израел неодамна изврши напад врз училишта во Газа, кои се користат и како засолништа.

Во својот говор пред Советот за безбедност на ОН за последните случувања во Газа, Доутен посебно се осврна на деталите за училиштата кои беа цел на израелската армија.

„За жал, ова не беше изолиран инцидент“, рече Доутен, мислејќи на нападот врз училиштето Ет-Табиин во градот Газа.

„Првичните извештаи покажуваат дека од почетокот на конфликтот ова е еден од најсмртоносните напади врз училиште во кое се сместени раселени лица“, рече таа.

Таа посочи дека војната во Газа ги уништува животите, соништата и иднината на луѓето во таа област.

Бројот на загинати Палестинци во нападите на израелската армија врз Појасот Газа од 7 октомври 2023 година достигна 39.929, соопшти Министерството за здравство во Газа.

Израел продолжи со бруталната воена офанзива на Појасот Газа од 7 октомври по нападот на Хамас и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот.

По повеќе од десет месеци израелски напади, големи делови од Појасот Газа лежат во урнатини во услови на блокада во испораката на храна, чиста вода и лекови.

Израел е обвинет за геноцид од страна на Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој му нареди веднаш да ја прекине воената операција во јужниот град Рафах, каде што повеќе од милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да биде нападнат на 6 мај.


AA
Популарни