Земјите кои продаваат или испорачуваат оружје имаат одговорност во однос на тоа како тоа оружје се користи насекаде во светот, соопштија Обединетите нации (ОН) во врска со употребата на оружјето што западните земји му го доставуваат на Израел во воени злосторства, вели портпаролот на ОН Стефан Дужарик.
Тој денеска изјави дека има се повеќе докази дека оружјето што му го дале на Израел од западните земји се користи за воени злосторства во Газа.
„Некои од овие земји се земји кои го намалија своето финансирање на Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток - УНРВА“, рече Дужарик.
Тој изјави дека оваа ситуација ја прекршува одлуката на Меѓународниот суд на правдата Израел да преземе итни чекори за да го спречи геноцидот.
Нагласувајќи дека ОН првенствено сакаат да се почитуваат одлуките на МСП, Дужарик изјави и дека би сакале средствата за УНРВА да продолжат, па дури и да се зголемат со оглед на зголемените потреби.
„Истовремено, земјите кои продаваат или испорачуваат оружје имаат одговорност за тоа како тоа оружје се користи насекаде во светот“, рече Дужарик.
На 26 јануари, по тужбата за геноцид поднесена од Јужноафриканската Република, Меѓународниот суд на правдата одлучи дека Израел мора да се воздржи од какви било дејствија поврзани со убиства, напади и уништување на жителите на Појасот Газа и да ги преземе сите мерки за да спречи геноцид.
Сепак, израелските сили продолжуваат да го напаѓаат Појасот Газа, каде од 7 октомври досега се убиени околу 28.500 Палестинци.