Орбан: Трамп ги презема токму истите мерки што ние веќе ги презедовме и поради кои левицата и Брисел континуирано се обидуваа да ја изолираат Унгарија / Photo: AA

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска побара од Европската унија да ја убеди Украина да продолжи со транзитот на гас од Русија во Европа.

Извозот на руски природен гас преку гасоводот низ Украина до Европа беше прекинат во раните утрински часови на 2025 година по истекот на договорот за транзит, а завојуваните страни Москва и Киев не постигнаа договор за продолжување.

Тој, исто така, изјави за државното радио дека Унгарија мора да го отфрли миграцискиот пакт на ЕУ, бидејќи тој претставува како што рече смртоносна закана за земјата.

Орбан се осврна и на американскиот претседател Доналд Трамп, наведувајќи дека Унгарија повеќе не е изолирана, туку се вратила во мејнстримот на историјата.

„Доналд Трамп ги презема токму истите мерки што ние веќе ги презедовме и поради кои левицата и Брисел континуирано се обидуваа да ја изолираат Унгарија“, рече Орбан.

TRT Balkan / агенции
Популарни