Сафади учествува на Конференцијата за иднината на Палестина во Анкара / Photo: AA

Министерот за надворешни работи на Јордан во вторник изјави дека создавањето на палестинска држава е клучот за мирот во регионот.

„Без формирање на суверена држава за Палестинците, Израел нема да постигне мир“, изјави Ајман Сафади на Конференцијата за иднината на Палестина во Анкара.

Тој рече дека Израел му носи само уништување на регионот.

„Израел не бара мир и стабилност за земјите од регионот, бидејќи ја уништи Газа и ја шири својата агресија во Либан. Израел ја загуби војната и политички и морално“, рече Сафади.

Шефот на јорданската дипломатија нагласи дека од 30 септември нема пуштени камиони со помош во Газа.

„Израел продолжува да бомбардира засолништа, болници и училишта. Израел ја проширува својата контрола врз окупираните палестински територии со изградба на повеќе населби. Тоа што Израел го прави е воено злосторство“, рече Сафади.

AA
Популарни