Во 10:15 часот по локално време Озер пристигна на аеродромот во Истанбул, каде што им е предаден на екипите на полициската управа на аеродромот. / Photo: AA

Основачот на платформата за криптовалути „Тодекс“, Фарук Фатих Озер, за кого беше донесена одлука за екстрадиција од Албанија во Туркије од страна на турското Министерство за правда, денеска е испорачан во Истанбул.

Откако Апелациониот суд во Драч ја одобри неговата екстрадиција во Туркије, авионот во кој се наоѓаше Озер во утринските часови полета од главниот град на Албанија, Тирана.

Во 10:15 часот по локално време Озер пристигна на аеродромот во Истанбул, каде што им е предаден на екипите на полициската управа на аеродромот во Истанбул.

Тој потоа е испратен во полицискиот центар, каде што по здравствената проверка и процедурите се очекува да биде однесен во седиштето на Генералната полициска дирекција во Истанбул.

Случајот против Фарук Фатих Озер

Озер, кој се бараше со црвена потерница од Туркије и беше прогласен за меѓународно барано лице, беше приведен на 30 август минатата година во Албанија и се товари за кривични дела „формирање криминална организација“ и „измама со тешки последици“.

Турското обвинителство на 22 април 2021 година официјално ја започна истрагата по жалбите на корисниците дека немаат пристап до сметките на берзата за криптовалути „Тодекс“ и дека сопственикот на компанијата ја напуштил земјата.

Потоа беше потврдено дека осомничениот сопственик на компанијата, Фарук Фатих Озер, ја напуштил земјата на 20 април 2021 година.

Турските надлежни органи издадоа наредба за приведување за многу осомничени, меѓу кои и за Озер, по кого претходно беше распишана потерница.

На 23 април 2021 година црвена потерница за Озер издаде и Интерпол.

AA
Популарни