САД не веруваат дека Израел прави геноцид во Појасот Газа, изјави вчера американскиот секретар за одбрана Лојд Остин.
„Немаме никакви докази за спроведување геноцид“, изјави Остин на сослушувањето во Сенатот за буџетските барања на Пентагон.
Остин повтори дека САД се посветени да му помогнат на Израел во одбраната на своите територии и народот со давање безбедносна помош.
Израел, обвинет за геноцид, започна немилосрдни воздушни и копнени напади на Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници по неочекуваниот напад од страна на Хамас на 7 октомври минатата година.
Во овие напади досега се убиени околу 33.360 Палестинци, вклучувајќи најмалку 14.280 деца и 9.340 жени, а повеќе од 75.993 се повредени во услови на масовно уништување и недостаток на неопходни средства за опстанок.
Израел воведе целосна блокада на Појасот Газа, оставајќи го неговото население, особено жителите на северна Газа, на работ на гладување.
Според Обединетите нации, израелската војна принуди 85 отсто од населението на Газа внатрешно да се расели, каде што постои и акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 62 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во јануари донесе привремена одлука со која на Тел Авив му е наложено да ги запре геноцидните активности и да преземе мерки за да се осигура давањето хуманитарна помош на цивилите во Газа.