Откриена снимка на Трамп за поседување доверливи документи / Photo: Reuters

Обвинителството на Соединетите Американски Држави (САД) соопшти дека е откриена аудиоснимка на поранешниот претседател Доналд Трамп, во која вели дека задржал доверливи документи по заминувањето од функцијата.

Според веста што ја објави Си-ен-ен, обвинителите наводно поседуваат аудиоснимка на Трамп во која тој вели дека пред да ја напушти функцијата, со себе зел доверлив документ на Пентагон за можен план за напад врз Иран.

На снимката Трамп вели дека сакал да ги сподели информациите од документите што ги поседува со други, но дека знаел за ограничувањата на неговите овластувања во врска со декласифицирањето на документите откако ќе ја напушти функцијата.

Покрај тоа, снимките од разговорите во голф клубот Бедминстер во јули 2021 година содржат изјави што ги потврдуваат тврдењата дека Трамп однел некои документи од

Белата куќа во вилата Мар-а-Лаго на Флорида откако ја напуштил функцијата.

Тоа што на снимката Трамп признава дека знаел дека нема овластување да ги декласифицира документите, може да им помогне на обвинителите што сакаат да докажат дека откако тој ја напуштил функцијата, поранешниот претседател знаел дека има ограничено овластување да чува доверливи документи.

Во веста се вели дека снимките, наводно, му биле предадени на специјалниот овластен обвинител Џек Смит, кој ги истражува доверливите документи што Трамп ги чувал на својот имот во Мар-а Лаго.

Покрај тоа, во веста се наведува дека снимките се направени за време на состанокот во Бедминстер со помошниците на Трамп и две лица што работеле на автобиографијата на Марк Медоус, шеф на Кабинетот на Белата куќа од времето на Трамп.

TRT Balkan / агенции
Популарни