Меир Баручин, израелски професор со 35 години стаж, кој беше отпуштен поради објавуви за Палестинците на социјалните мрежи, на новинарот на ААму зборуваше за неговата правна битка против израелските власти и за притисоците што ги доживеал.
Наведувајќи дека работел 17 години во гимназијата во градот Петах Тиква, кој се наоѓа во близина на Тел Авив, Баручин рече дека локалната власт од 2018 година ја водат екстремно десничарските поддржувачи на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Истакнувајќи дека има активен профил на Фејсбук каде што објавува за Палестинците, Баручин рече:
„За повеќето Израелци, Палестинците се само нејасна слика без име, без лице, без семејство, без надеж, без план, без ништо. Затоа сакам да ги „хуманизирам“ на мојата страница на Фејсбук. Се надевам дека повеќе Израелци ќе ги гледаат Палестинците како луѓе и ќе комуницираат со нив без прибегнување кон насилство. По 7 октомври споделувам објави за Палестинците во Газа, уништените семејства и животите на жените и децата“.
Општината Петах Тиква била вознемирена од неговите ставови и поднела жалба против него, а работниот однос му бил прекинат на 19 октомври 2023 година. Министерството за образование му ја суспендирала професорската лиценца па не може да аплицира за работа во други училишта.
Сместен во затвор каде се чуваат ризични затвореници
Баручин рече дека бил повикан на сослушување во полициската управа во Ерусалим во ноември под обвинение за „предавство на државата Израел и нарушување на јавниот ред“.
„Штом влегов во полициската станица ми ставија лисици на рацете и нозете. Ми го земаа телефонот. Отидовме кај мене дома со пет полицајци. Тие го превртеа местото и темелно го пребараа. Ништо не најдоа. Ме вратија во полициска станица на испрашување. На испрашувањето ми покажаа 14 објави, од кои повеќето ги објавив пред 7 октомври. Ме прашаа што мислев со овие објави, која беше мојата цел и што би разбрал некој што ја читал објавата.
По сослушувањето, Баручин бил сместен во ќелија во затворот Москобије во западниот дел на Ерусалим, во кој се наоѓаат затвореници од висок ризик и е познат по тортура и малтретирање.„Не ми дозволија да земам книга или каква било облека, ниту нешто со мене. Спиев во иста облека четири дена“.
Баручин изјави дека по ослободувањето поднел тужба против општината Петак Тиква и Министерството за национално образование до Окружниот суд за труд и дека му било дозволено да се врати на работа со привремена забрана на 14 јануари.
Ме пцуеја, сакаа јас и моите деца да умреме
Наведувајќи дека директорот на училиштето бил „изненаден“ од неговото враќање на работа и дека побарал време да ги подготви учениците и родителите за ситуацијата, Баручин рече дека ден пред почетокот на наставата добил информација од директорот дека може да има протест пред училиштето и дека поради ова во училиштето ќе бидат присутни обезбедувачи и полиција.
Баручин откри дека учениците го нападнале пред училиштето на 19 јануари и дека никој не бил таму да го заштити.
„Учениците ме опколија. Беа многу насилни. Многу пцуеја. Сакаа да умреме јас и моите деца. Демонстрантите беа средношколци, моите ученици не беа меѓу нив. Имаше ученици на кои не им предавав, па дури и кои не ги познавав. Откако го изгуби случајот општината почна системска кампања да ми го загорчи животот и да ме понижува. Како да бев под опсада во училиштето. Десетици ученици удираа по прозорците на професорскиот кабине и пцуеа. На крајот на денот, дури и кога излегував од училиштето, учениците трчаа по мене, ме навредуваа, ме плукаа“, изјави Баручин.
Баручин изјави дека општината Петах Тиква ја обжалила одлуката на локалниот суд за враќање на работа и дека судскиот процес продолжува, а повисокиот суд одлучил да продолжи наставата онлајн без физички да оди на училиште до 31 март.
Баручин истакна дека неговите колеги, кои тајно му ја изразиле својата поддршка, не можат да се изјаснат поради притисокот од другите колеги.
„Тие многу јасно знаат дека секој израелски граѓанин кој ќе се осмели да покаже најмало сочувство за народот на Газа или да ја критикува владината политика ќе биде подложен на политички прогон, ќе биде јавно понижуван, ќе ја изгуби својата работа и ќе биде фрлен во затвор, како во мојот случај“, рече Баручин.
Посочувајќи дека израелските студенти пораснале само со „ционистички учења“ од моментот кога се родени и не ја делат истата средина со своите палестински врсници, Баручин додаде: „Јас предавам граѓанство и историја, а суштината на мојот предмет е демократски дијалог. За мене демократскиот дијалог не е средина каде што сите зборуваат во еден глас и размислуваат на ист начин“.
Баручин истакна дека „апсолутно не го поддржува“ Хамас и ја даде следната оценка:
„Она што се случи во Газа по, па дури и пред 7 октомври, не е само хуманитарна катастрофа, туку и морална катастрофа. Многу Израелци кои се сметаат себеси за либерали и хуманисти, сега ги загубија своите морални граници. На некои не им е грижа. Тие тврдат дека цивилите во Газа заслужуваат да умрат по она што го направи Хамас на 7 октомври. Други велат дека е лошо што убиваме невини цивили, но Хамас е одговорен за тоа, а не Израел. Ние сме одговорни за целата оваа бруталност. Погледнете што ни направи Хамас на 7 октомври , тоа е страшно, шокантно, но во никој случај не го оправдува она што го направивме во Газа“.
Баручин истакна дека израелското општество секој ден сѐ повеќе се движи кон крајната десница и дека тоа е загрижувачко и заклучи:
„Ситуацијата се влошува секоја година. Сфаќајќи дека живеењето овде е лудост, многу Израелци ја напуштаат земјата и се населуваат на друго место. „Да се надеваме“ дека еден ден Евреите и Палестинците ќе живеат заедно во овие земји во мир, еднаквост, достоинство, пријателство и соработка“.