Отворен оган врз турски авион кој евакуираше граѓани во Судан / Photo: AA Archive

Министерството за национална одбрана на Туркије соопшти дека е пукано од лесно оружје врз авионот за евакуација од типот C-130 кој бил во мисија да ги евакуира турските државјани од Судан.

„Пукано е со лесно оружје врз нашиот авион за евакуација C-130, кој леташе кон Вади Саидна за да ги евакуира нашите граѓани заглавени во Судан, каде што продолжуваат конфликтите. Авионот безбедно слета. Нема повредени меѓу екипажот. Се вршат потребните контроли на авионот“, се вели во соопштението на турското Министерство за одбрана.

Судирите во Судан ескалираа на 15 април со борби меѓу суданската војска и паравоените сили за брза поддршка во Картум и неговата околина.

Во последните месеци меѓу војската и паравоените единици се разгореа несогласувања околу реформата на воената безбедност. Реформата предвидува целосно учество на РСФ во војската, што е едно од главните прашања во преговорите меѓу меѓународните и регионалните страни за транзиција кон цивилна, демократска власт во Судан.

TRT Balkan / агенции
Популарни