Да се запре израелската агресија што ја претвори Газа во долина на крв, рече Штајех / Photo: AA

Палестинскиот премиер Мохамед Штајех во понеделникот го повика Меѓународниот кривичен суд (МКС) да издаде налози за апсење на израелски официјални лица поради тековниот конфликт во Појасот Газа.

„МКС мора да издаде налози за апсење на криминалци како превентивен чекор за да се запре машината за убивање“, рече Штајех за време на состанокот на Владатата во градот Рамала на Западниот Брег.

„Ги поздравувам земјите кои ќе поднесат упатувања до МКС за гонење на криминалците“, додаде тој, без да даде дополнителни детали.

Палестинскиот премиер продолжи да повикува на акција „за да се запре израелската агресија што го претвори Појасот Газа во долина на крв“.

Израелската армија започна воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7. октомври.

Најмалку 9.770 Палестинци, меѓу кои 4.800 деца и 2.550 жени се убиени во израелските бомбардирања во Појасот Газа.

Според официјалните податоци, бројот на загинати во Израел е скоро 1.600.

Покрај големиот број жртви и масовните раселувања, основните резерви се при крај за 2,3 милиони жители на Газа поради израелската опсада.

AA
Популарни