Тој рече и дека одлуката на МСП е важен потсетник дека ниту една земја не е над законот / Photo: AA

Палестинскиот министер за надворешни работи Ријад Ал-Малики во петокот ги поздрави привремените мерки наложени од Меѓународниот суд на правдата (МСП) во врска со израелската војна во Појасот Газа.

„Ги повикуваме сите држави да обезбедат спроведување на сите привремени мерки наложени од судот, вклучително и окупаторската сила Израел“, рече Ал Малики.

Тој посочи дека одлуката на Меѓународниот суд на правдата, донесена претходно во петокот, претставува „обврзувачка законска должност“.

„Државите сега имаат јасни законски обврски да ја запрат израелската геноцидна војна против палестинскиот народ во Газа и да обезбедат дека тие не се соучесници“, додаде Ал-Малики.

Тој рече и дека одлуката на Меѓународниот суд на правдата „е важен потсетник дека ниту една земја не е над законот“.

„Тоа треба да послужи како повик за будење за Израел и актерите кои ја овозможија неговата вкоренета неказнивост“, нагласи Ал-Малики.

Тој, исто така, изрази палестинска „вечна благодарност до народот и владата на Јужноафриканската Република за преземањето на овој храбар чекор на активна солидарност“.

Тој додаде дека палестинската управа „ќе продолжи тесно да соработува со Јужноафриканската Република и другите земји за да се осигура дека правдата е задоволена“.

Во привремената пресуда за случајот за геноцид поднесена од Јужна Африка пред Хашкиот суд претходно во петокот, МСП му нареди на Израел да ги преземе „сите мерки во негова моќ“ за да спречи чинови на геноцид во Појасот Газа, но не нареди прекин на огнот.

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври.

Според палестинските здравствени власти, оттогаш се убиени најмалку 26.083 Палестинци, главно жени и деца, а 64.487 се повредени.

Според Тел Авив, во нападот на Хамас загинале 1.200 луѓе.

Според податоците на Обединетите нации, поради израелската офанзива, 85 отсто од населението на Појасот Газа е внатрешно раселено и се соочува со акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена.

AA
Популарни