Повеќе од 8.000 убиени во нападите се деца, а 6.200 жени / Photo: AA

Продолжија нападите на израелската армија врз блокираниот Појас Газа.

Палестинците убиени во израелските напади во северниот дел на Газа се закопани на сред пат бидејќи не можат да бидат погребани на гробишта.

Израел започна воздушно и копнено бомбардирање на Појасот Газа, воведе опсада и започна копнена офанзива како одмазда за прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври.

Повеќе од 20.000 Палестинци се убиени во израелските напади од 7 октомври, според соопштението на Министерството за здравство во Газа во средата.

Повеќе од 8.000 убиени во нападите се деца, а 6.200 жени.

Околу 52.600 Палестинци се повредени во тековните израелски напади.

Во соопштението се наведува дека под урнатините има околу 6.700 луѓе.


AA
Популарни