Израелските власти утрово, по 40 години поминати во затвор,.го пуштија на слобода палестинскиот затвореник Карим Јунис. Јунис од градот Ара во северен Израел беше уапсен на 6 јануари 1983 година и осуден на доживотна казна која потоа е сменета на 40 години.
Се обвинува дека во тоа време бил член на забранетото движење Фатах и дека поседувал оружје и убил израелски војник. Јунис е член на Централниот комитет Фатах кој го води палестинскиот претседател Махмуд Абас.
Во текот на затворот напишал две книги на арапски јазик, една во 1990 година насловена „Политичка реалност во Израел“, а втора во 1993 година насловена „Идеолошка борба и нагодба“.
TRT Balkan / агенции