Палестинската Црвена полумесечина: Прекинат контактот со нашиот тим во Газа / Photo: AA

Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека контактот со нивниот тим во Газа е изгубен откако целосно се прекинати интернетот и комуникациските услуги.

Палестинската Црвена полумесечина објави соопштение откако палестинската телекомуникациска компанија Џавал објави дека комуникациските линии со Газа не се во функција.

„Бидејќи окупаторите целосно ги прекинаа фиксните, мобилните и интернет-комуникациите, нашата комуникација со целиот тим во Појасот Газа е целосно прекината“, соопшти Црвената полумесечина.

Тие истакнаа дека израелските напади продолжуваат непрекинато во сите делови на Појасот Газа.

Тие изразија загриженост за животите на тимовите на Црвената полумесечина што работат во регионот.

Палестинската телекомуникациска компанија Џавал објави дека комуникациските услуги во градот Газа и Појасот Газа целосно се во прекин поради оштетување на комуникациската мрежа како последица на израелските бомбардирања.

Интернетот и комуникациските услуги беа целосно прекинати трипати во блокираниот Појас Газа, каде што израелската војска започна сеопфатни напади од 7 октомври.

Палестинскиот министер за комуникации и информатичка технологија, Исхак Седр, го повика Египет да ги активира комуникациските станици во близина на Појасот Газа.

AA
Популарни