Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп објави дека ја номинира Памела Бонди, поранешена државна обвинителка на Флорида, како негов нов избор за главен јавен обвинител.
Најавата доаѓа неколку часа откако поранешниот пратеник Мет Гаец, кој беше првиот избор на Трамп, рече дека се повлекува од прифаќање на функцијата.
„Бонди беше јавна обвинителка скоро 20 години, каде беше многу строга кон насилните криминалци и ги направи улиците безбедни за семејствата на Флорида. Потоа, како прва жена јавен обвинител на Флорида, работеше на запирање на трговијата со смртоносни дроги и намалување на трагедијата на смртни случаи од предозирање со фентанил, кои уништија многу семејства низ нашата земја“, образложи Трамп.
Трамп на мрежата Truth Social напиша дека Бонди „одлично служеше како обвинител и ја ангажирав во Комисијата за злоупотреба на опиоиди и наркотици за време на мојот прв мандат - со што спасивме многу животи!“.
„Предолго, партизираното Министерство за правда беше вооружено против мене и другите републиканци - повеќе не. Памела ќе го смени фокусот на Министерството за правда кон борбата против криминалот и Америка повторно ќе биде безбедна“, рече тој.
„Ја познавам многу години - таа е паметна и цврста, и е АМЕРИКАНСКИ борец, која ќе заврши одлична работа како јавен обвинител“, додаде Трамп.