Католичкиот духовен лидер и претседател на Ватикан, папата Франциск, упати апел за солидарност со погодените од Туркије и Сирија во земјотресите со епицентар во Кахраманмараш и со интензитет од 7,7 и 7,6 степени.
Папата Франциск во Ватикан говореше за земјотресот кој се случи во Туркије и кој беше почувствуван во поширокиот регион, вклучувајќи ја и Сирија.
„Сега моите мисли се со народот на Туркије и Сирија кои се сериозно погодени од катастрофалниот земјотрес кој предизвика смрт и повредување на илјадници лица. За нив се молам со силни емоции“, рече Папата.
Тој упати апел до сите да покажат солидарност со зоните погодени од земјотресот против оваа катастрофа.
Папата Франциск, исто така, упати благодарност до хуманитарните работници кои се соочуваат со различни потешкотии, како лоши временски услови и сериозни штети на патиштата и се обидуваат да спасат животи во овие тешки услови.
Папата Франциск нагласи и дека не треба да се заборави и војната која сѐ уште се води во Украина.