Во израелски напад врз камп за раселените Палестинци во Рафах, најмалку 45 лица биле убиени / Photo: AA

Турскиот парламент во средата усвои декларација со која се осудува неодамнешната израелска офанзива врз градот Рафах во јужна Газа.

Во усвоената декларација, парламентот го повика Советот за безбедност на Обединетите нации итно да се состане и да донесе одлука за прекин на израелските напади.

Во израелски воздушен напад врз шаторски камп за раселените Палестинци во Газа, владината канцеларија за медиуми во Газа објави дека во израелски напад врз камп за раселените Палестинци во Рафах во близина на логистичката база на УНРВА во Тал ал-Султан, најмалку 45 лица биле убиени, а 250 биле ранети, главно деца и жени.

Од почетокот на израелските напади на 7 октомври минатата година, повеќе од 36.100 Палестинци се убиени во Газа, главно жени и деца, поголемиот дел од инфраструктурата е уништена, а нападите и израелските блокади доведоа до хуманитарна катастрофа.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за да обезбеди хуманитарна помош за цивилите во Газа.

AA
Популарни