Најмалку 53 лица загинаа во средата во градот Керман во Иран кога повеќекратни експлозии одекнаа во областа каде што се одржуваше церемонија во чест на највисокиот ирански генерал кој беше убиен пред четири години од страна на САД, јавуваат државните медиуми.
Десетици други, наводно, биле повредени во експлозиите што се случиле на рутата што води до гробиштата во Керман, каде што бил погребан Касим Сулејмани, поранешниот шеф на силите Кудс на Корпусот на гардата на Исламската револуција.
Причината за експлозиите останува непозната. Некои медиумски извештаи сугерираат дека тие биле предизвикани од канистри со гас.
Локалните медиуми тврдат дека станува збор за терористички напад во кој се случиле две екплозии за десет минути, но не е прецириано делаи станува збор за бомбаш самоубиец или за експлозии предизвикани од гас.
Инцидентот се случи кога десетици илјади луѓе се собраа во родниот град на Сулејмани, Керман, за да ја одбележат четвртата годишнина од неговиот атентат.
Сулејмани беше убиен на 3 јануари 2020 година во напад на американско беспилотно летало пред аеродромот во Багдад во Ирак.
Претставници на Друштвото на Црвената полумесечина во Керман беа цитирани од државните медиуми дека однеле најмалку 50 луѓе од местото на инцидентот во различни болници.
Иранските служби за итни случаи ги ставија на готовност сите болници и здравствени центри за да им помогнат на повредените.
Официјални лица во Техеран сè уште не го коментирале инцидентот.
Според извори на Анадолу, местото на церемонијата во Керман е испразнето од безбедносните сили и од луѓето се бара да се вратат дома.