Украина ги користи ХИМАРС системите, но засега само во Харков и прекуграничниот појас  во Русија/ Фото: Reuters

САД не ја поддржува Украина во користење на ракетните системи со долг дострел за напади врз руска територија, изјави Сабрина Синг портпаролката на Пентагон.

„Ние не поддржуваме напади со долг дострел во Русија со употреба на капацитети како што се ХИМАРС системите. Кога станува збор за тој прекуграничен регион, тоа е дел од фокусот на промена на политиките“, изјави Синг.

Нејзините забелешки дојдоа откако американскиот претседател Џо Бајден минатата недела и даде тајно одобрение на Украина да користи оружје испорачано од САД за врши напади во Русија, но само во близина на североисточниот украински град Харков, каде руските сили влегоа на почетокот на мај и оттогаш напредуваа.

Синг рече дека руските сили продолжуваат да маневрираат околу Харков, додавајќи: „Значи, тоа се типот на капацитети што би биле корисни таму. Но, сепак, нашата политика за удари со долг дострел во Русија е дека не ги поддржуваме“.

На прашањето дали американскиот ракетен систем ХИМАРС може да се користи, Синг рече: „Нема да навлегувам во повеќе специфики, но едноставно не поддржуваме капацитетите со долг дострел да се користат во Русија“.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски му се заблагодари на американскиот секретар за одбрана Лојд Остин за неодамнешната одлука на Вашингтон да му дозволи на Киев да користи американско оружје против Русија.

AA
Популарни