Пентагон: Руски авион удри во американски дрон над Црното Море / Photo: UNITED STATES AIR FORCE / WILLIAM RIO ROSADO / HANDOUT

Руски борбен авион СУ-27 удри во американски дрон „Reaper“ во меѓународниот воздушен простор над Црното море, после што американскиот дрон се сруши, соопшти Пентагон.

Инцидентот се случи откако руските авиони СУ-27 „изведоа несигурно и непрофесионално пресретнување“ на дронот „Reaper“, вклучувајќи и напојување гориво на дронот и летање пред него „на непромислен, еколошки нездрав и непрофесионален начин“.

Како што се наведува, еден од руските авиони СУ-27 удри во пропелер на дронот MQ-9 во 7:03 наутро по средноевропско време.

Американската команда во Европа објави дека инцидентот „покажува недостаток на компетентноста покрај тоа што е несигурен и непрофесионален“.

„Нашето летало MQ-9 изведуваше рутински операции во меѓународниот воздушен простор кога го пресретна и удри руско летало, што резултираше со пад и потполно губење на MQ-9", рече командантот на американските воздушни сили во Европа генерал Џејмс Б. Хекер.

„Овој несигурен и непрофесионален потег на Русите за малку доведе до пад на двата авиони. Американските и сојузничките авиони ќе продолжат да делуваат во меѓународниот воздушен простор и ги повикуваме Русите да се однесуваат професионално“, додаде тој.

Белата куќа објави дека советниот за национална безбедност Џејк Саливан го информираше претседателот Џо Бајден за овој случај.

Пентагон соопшти дека инцидентот е дел од поширокиот образец на „опасни акции на руските пилоти кон американските и сојузничките летала над меѓународниот воздушен простор, вклучувајќи го и просторот над Црното море“, предупредувајќи дека со тоа се ризикува „погрешна проценка и ненамерна ескалација“.

AA
Популарни