Русија „многу силно“ го осуди израелскиот напад врз иранската дипломатска мисија во Дамаск / Фото: AA

Русија денес ги повика Израел и Иран на воздржаност по израелските напади врз иранската дипломатска мисија во Сирија на почетокот на овој месец.

„Сега е многу важно сите да покажат воздржаност за да се избегне целосна дестабилизација на ситуацијата во регионот“, изјави на брифинг во Москва портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Портпаролот на рускиот претседател потсети дека Русија „многу силно“ го осудила израелскиот напад врз иранската дипломатска мисија во Дамаск, Сирија, во кој загинаа 13 лица.

„Ова е кршење на сите принципи на меѓународното право“, нагласи Песков, истакнувајќи дека ниту Иран ниту Израел не побарале помош од Москва за намалување на тензиите.

Осврнувајќи се на намерата на Швајцарија да одржи мировна конференција за Украина, Песков рече дека какви било разговори за Украина без учество на Русија „немаат смисла“.

Тој потсети дека поминале две години од руско-украинските преговори во Истанбул.

„За две години... ситуацијата се смени. А геополитичката реалност е многу поинаква отколку што беше во март 2022 година“, рече Песков.

Песков, исто така, го критикуваше украинскиот претседател Владимир Зеленски за тоа што во интервју за германската државна медиумска група Аксел Спрингер изјави дека руската инфраструктура, вклучително и мостот што го поврзува полуостровот Крим со копното, е „приоритетна цел“ за Киев. Портпаролот на Кремљ нагласи дека таквите изјави докажуваат дека Русија имала право кога ја започнала својата „специјална воена операција“ во Украина во февруари 2022 година.

AA
Популарни