Цел на нападот беше и областа околу училиштето Абу Аси, каде што се засолнети илјадници раселени Палестинци / Photo: AA

Најмалку пет лица загинаа во напад на израелската Армија врз областа околу училиштето на Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) во Газа.

Според државната палестинска новинска агенција ВАФА, израелските воени авиони го бомбардирале бегалскиот камп Ал Шати во западниот дел на градот Газа.

Цел на нападот беше и областа околу училиштето Абу Аси, каде што се засолнети илјадници раселени Палестинци.

Израелската војска ги прошири своите воздушни и копнени напади врз Појасот Газа, кој е под немилосрдни воздушни напади откако палестинската група Хамас започна ненадејна офанзива против Израел на 7 октомври.

Во израелските напади врз Појасот Газа, кои траат веќе 26 дена, загинаа 8.796 Палестинци. Министерството за здравство во Газа денеска соопшти дека меѓу загинатите има 3.648 деца и 2.290 жени. Повредени се 22.219 лица.

TRT Balkan / агенции
Популарни