ТРОЈ картичките се целосно оперативни во Туркије и се прифаќаат на одредени трговски места или во рамките на поврзаните меѓународни шеми за картички во странство / Photo: @TroyOdeme on X

Додека израелската немилосрдна воена кампања врз палестинска Газа продолжува по еден месец, со најмалку 10.500 убиени Палестинци, движењето за бојкот во знак на солидарност со народот на Газа зема замав во Туркије.

Поединци, компании и организации од јавниот и приватниот сектор активно се свртуваат кон алтернативи на израелските стоки, додека одбиваат да бидат во контакт со брендови кои го поддржуваат Израел и неговата војна против опколената Газа.

„По масакрите извршени од Израел врз Палестинците во Газа, стана прашање на совест да се прекинат изворите на финансии за земјата. Имам две деца; не можам да ги гледам децата во Палестина кои страдаат, исплашени, треперат, плачат беспомошно, сами... Затоа јас и моите пријатели околу мене се обидуваме да направиме се што можеме во добро совест“, изјави илустраторката од Истанбул, Фериде Каратас, која се приклучи на бојкотот против Израел.

Милиони Турци, исто така, почнаа да ги бојкотираат системите за плаќање со картички Виза и Мастеркард за да ги намалат провизиите што компаниите ги добиваат од трансакциите со картички. Истовремено, луѓето во Туркије покажаа зголемен интерес за алтернативната ТРОЈ, развиена од Туркије, што значи “Начин на плаќање на Туркије“.

Каратас е меѓу луѓето кои се одлучија на ваков чекор. Откако дознала за ТРОЈ, таа без двоумење направила промена и ги охрабрила луѓето од нејзиното опкружување да го сторат истото.

„Се разбира, важно е бојкотирањето на поединечни производи. Но, главниот финансиски извор на оваа земја се Мастеркард и Виза картичките кои моравме да ги користиме речиси секој ден“, објасни таа.

Нагласувајќи дека провизија оди кај компаниите кои го поддржуваат Израел од секој купен производ со Мастеркард и Виза картичка, дури и ако граѓаните продолжат да бојкотираат само со купување домашни производи, Каратас додаде:

„Најголемиот бојкот е да се намали овој извор на финансии“.

Убиени над 10.500 Палестинци

Во изминатата недела, ТРОЈ беше во фокусот на социјалните медиуми. Во вторникот, брендот објави дека бројот на неговите картички достигна 19 милиони, со значителен скок во обемот на купување во изминатиот месец.

Умехан Пекер, психолошки советник, беше меѓу оние кои дознаа за ТРОЈ преку движењето на социјалните медиуми.

Таа изјави дека се префрлила на турскиот систем првенствено за да го бојкотира Израел и затоа што сака да го поддржи локалниот бренд.

„Тоа беше лесна одлука. Угнетувањето врз Палестина ме вознемируваше долго време. Со оглед на денешната ситуација, со оглед на тоа што Мастеркард и Виза толку многу го поддржуваат Израел беше доволна причина, а фактот што ТРОЈ е локален бренд дополнително ме поттикна“, рече таа.

Злосторствата на Израел во Газа и неговата неподготвеност да одговори на повиците за мир и прекин на огнот, предизвикаа голем бран бојкоти во Туркије.

Од универзитети до општини, јавните и приватните организации ја прекинаа продажбата на производи од брендови кои го поддржуваат Израел, а со тоа и злосторствата на земјата во Газа.

Општината на провинцијата Чорум, како прво ги пренесе кредитните и дебитните картички на својот персонал од над 2.000 луѓе од Виза и Мастеркард во ТРОЈ.

Градоначалникот Халил Ибрахим Ашгин истакна дека провизијата од 1,5 отсто од секоја трансакција преку Виза и Мастеркард го наоѓа патот до Израел и оние кои ја поддржуваат окупацијата на палестинските територии.

Реномираниот Туркиш ерлајнс се приклучи на бојкотот со отстранување на израелските производи од нивните домашни терминали.

Парламентот на Туркије, исто така, во вторникот објави дека повеќе нема да користат производи на компании кои ја поддржуваат агресијата на Израел.

Од 7 октомври, Израел уби повеќе од 10.500 Палестинци во немилосрдното бомбардирање на Газа - дом на 2,3 милиони. Според официјални лица, околу 40 отсто од убиените се деца.

TRT Balkan / агенции
Популарни