Ерупција на најголемиот активен вулкан во светот / Photo: AA

По 38 години дојде до ерупција на вулканот Мауна Лоа во американската сојузна држава Хаваи.

Центарот за геолошки истражувања на Соединетите Американски Држави (САД) ги предупреди жителите на островот дека ерупцијата на најголемиот активен вулкан во светот би можела да биде многу динамична и можно е да дојде до промена на насоката и брзината на протокот на лавата.

Официјалните лица изјавија дека жителите на островот треба да бидат подготвени за најлошото сценарио и можна евакуација во случај да дојде до брза промена на насоката на протокот на лавата.

Кен Хон од хавајската Опсерваторија за следење на вулканите изјави дека имало последователни потреси по големата ерупција на Мауна Лоа која се случи првпат по 38 години.

Одговорните од здравствениот сектор известија дека го следат квалитетот на воздухот на островот Хаваи и информираа дека во моментов тој е во добра состојба.

TRT Balkan / агенции
Популарни