Комуникациските и интернетските услуги во Појасот Газа потполно се прекинати вечерва како последица на тешкото израелско бомбардирање на далноводи, кули и мрежи, соопшти давателот на услугата.
Палестинската телекомуникациска компанија објави во соопштение дека фиксните, безжичните и интернет комуникациските услуги се целосно прекинати поради интензивното израелско бомбардирање на линиите со Западниот Брег, кулите и мрежите.
„Ooredoo Palestine“, оператор на мобилната мрежа за Западен Брег, исто така во одделно соопштение наведе дека неговите услуги на мобилната телефонија во потполност се отсечени од Појасот Газа.
Според изворите во палестинското Министерство за комуникации и информациски технологии, дојде до нагло прекинување на услугите од Појасот Газа.
Паралелно со тоа, палестинската Црвена полумесечина соопшти дека потполно загубила контакт со операциската соба во Појасот Газа и со сите членови на тимот кои таму работат.
Изрази длабока загриженост во врска со овозможувањето на услугите на итната помош во Појасот Газа, особено поради тоа што овој прекин влијае врз централните комуникациски услуги и го отежнува доаѓањето на возилата на итната помош на повредените.