Од Пентагон велат дека трае истрагата за инцидентот / Photo: AA

Почина американскиот војник, кој во неделата се самозапали пред израелската амбасада во Вашингтон во знак на протест против војната во Газа, објавија во понеделник локалните медиуми.

Ен-Би-Си Њуз, повикувајќи се на неименуван функционер, соопшти дека Арон Бушнел(25) припадник на американските воздухопловни сили починал и дека ќе објават повеќе детали откако војската ќе го извести семејството.

Бушнел самозапалувањето го пренесувал во живо на социјалната мрежа и рекол дека „нема да учествува во геноцид“ пред да се полие со течноста, облечен во воена камуфлажна униоформа. Видеото по инцидентот беше тргнато од мрежата.

„Веќе нема да бидам соучесник во геноцид. Ќе направам екстремен чин на протест, но, во споредба со она што луѓето го доживуваат во Палестина од рацете на нивните колонизатори, воопшто не е екстремно. Ова е она што нашата владејачка класа одлучи дека ќе биде нормално“, рече Бушнел.

Потоа се самозапали извикувајќи „Слободна Палестина! додека не паднал на земја. Пожарот го изгаснале припадници на тајната служба.

Тој беше пренесен во болница со „критични повреди опасни по живот“, соопштија пожарникарите.

Бројни пропалестински и про-израелски протести се одржаа низ САД по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври, а потоа и израелската офанзива на Појасот Газа.

TRT Balkan / агенции
Популарни