Поддржувачите на терористичката организација ПКК организирајќи наводно фестивал во Марсеј, Франција, спровеле пропаганда на организацијата со комеморација за терористите кои биле неутрализирани од турските безбедносни сили.
На собирот организиран под име „Фестивал“, приврзаниците на ПКК носеле симболи на терористичката организација и извикувале слогани за ослободување на водачот Абдула Оџалан затворен во Туркије како еден од основачите на сепаратистичката организација ПКК. Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои има и деца и жени.
Француското Министерство за надворешни работи сѐ уште не одговори на прашањето на дописникот на АА зошто е дозволен овој собир, на кој се вршела пропаганда со употреба на симболи на терористичката организација, иако се знае дека ПКК се наоѓа на листата на терористички организации во Европската Унија и Франција.
Туркије во 2021 година ја осуди средбата на францускиот претседател Емануел Макрон со членовите на таканаречениот „Сириски демократски совет“ кој е под контрола на терористичката организација ПКК/ПЈД/ЈПГ.