Има потешкотии во идентификацијата на телата поради процесот на распаѓање, а молитвата и погребот се извршени во масовна гробница во Рафах / Photo: AA

Телата на 47 убиени Палестинци, кои израелските сили ги предадоа на граничниот премин Керем Абу Салим, југоисточно од Појасот Газа, беа погребани во масовна гробница во Рафах.

Палестински извори потврдија дека израелските војници ги предале телата на 47 Палестинци убиени во израелските напади врз Појасот Газа.

Тие истакнаа дека има потешкотии во идентификацијата на телата поради процесот на распаѓање, а погребната молитва и погребот се извршени во масовна гробница во Рафах.

Анализирајќи ги сателитските снимки и видеа, американската телевизија Си-Ен-Ен откри дека Израел уништил многу гробишта во Газа за да открие дали таму биле закопани израелски затвореници кои ги држел Хамас и се пријавени мртви.

Израелската армија исто така потврди дека отворила гробници во Газа „за да ги пронајде телата на затворениците“.

AA
Популарни