Кампањата се емитува на 213 национални и меѓународни телевизиски канали, како и на 562 радио канали. / Photo: AA

Осум турски телевизиски канали покренаа акција за помош на преживеаните во минатонеделниот разорен земјотрес кој погоди 10 турски региони и погоди милиони луѓе.

Каналите „ATV“, „FOX“, „Kanal D“, „Kanal 7“, „Show TV“, „Star TV“, „TRT 1„ о „TV8“ водат заеднички пренос во живо на кампањата за помош под називот „Туркије обединета во едно“.

Кампањата успеа да генерира повеќе од 5,4 милијарди долари (101 милијарда турски лири) од 19 часот и 30 минути. Заедничката емисија собра водечки личности од културата, уметноста, бизнисот и спортот да ги поддржат жртвите од земјотресот.

Популарните телевизиски ѕвезди од овие канали ја повикаа јавноста да ги даде донациите на турската агенција за управување со катастрофи АФАД и Турската Црвена полумесечина за акцијата за помош.

Кампањата се емитува на 213 национални и меѓународни телевизиски канали, како и на 562 радио канали.

Ердоган: Сите собрани средства ќе бидат искористени за доброто на жртвите

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонскиот разговор рече дека сеите собрани средства ќе бидат искористени за доброто на жртвите.

Тој се надева дека акцијата ќе собере невидена количина на донации, додавајќи дека слична кампања ќе биде покрената во Азербејџан и Турската Република Северен Кипар.

Говорејќи за големата кампања за помош „Туркије обединета во едно“, покрената со цел собирање финансиски средства за помош на жртвите од земјотресот во Туркије, Ердоган ја нагласи важноста на пружањето поддршка на страданите.

Ердоган уште еднаш изрази сочувство на сите кои се погодени од земјотресот и додаде дека продолжува пребарувањето и спасувањето.

„Сакаме да изразиме благодарност до сите, вклучувајќи го државниот персонал, членовите на цивилното општество и волонтерите, со кои заедно се соочивме со катастрофата на векот“, рече Ердоган.

Тој упати благодарност до сите пријателски држави на нивните пораки на солидарност и напорите на пребарување и спасување, како и на оние кои учествуваат во кампањата за помош.

„Првин ќе го завршиме пребарувањето и спасувањето и нема да оставиме ниту едно лице под урнатините, а услугите на издржување и сместување ќе ги извршуваме така што никој нема да има забелешки“, додаде турскиот претседател.

TRT Balkan / агенции
Популарни