Полска планира изградба на три нуклеарни електрани со шест реактори     Фото: АА

Полска планира да изгради три нуклеарни електрани со шест реактори во рамките на нуклеарно-енергетска програма, објави полскиот премиер Матеус Моравецки.

Моравецки рече дека нуклеарната програма на Полска е поттикната од желбата да се обезбеди енергетска сигурност на земјата.

Моравецки на социјалната мрежа Твитер потврди дека е постигнат договор со Соединетите Американски Држави (САД) и компанијата Вестингхаус за изградба на првата нуклеарна електрана.

„Нуклеарните електрани ќе ни помогнат да бидеме независни од каприците на пазарот, трговците со енергија и временските прилики“, рече полскиот премиер.

Тој потврди дека вложувањето во нуклеарната енергија „не значи дека Полска нема да развива обновливи извори на енергија“.

TRT Balkan / агенции
Популарни