Новинарот Алан Меклеод вели дека не ги обвинува дека се сегашни шпиони, туку ја доведува во прашање нивната компатибилност за новинарство / Photo: Mintpressnews  Screenshot / Photo: Mintpress.com Screenshot

Онлајн портал за вести објави дека бројни американски медиуми на водечките позиции имаат поранешни израелски шпиони.

Добитникот на наградата на Здружението на дописници од Белата куќа, Барак Равид, продуцентот на Си-Eн-Eн, Шачар Пелед, и продуцентот на Њујорк Тајмс, Анат Шварц, сите поранешни припадници на израелската Единица 8200 - единица за тајни операции, шпионирање и кибервојување- сега се на високи позиции во медиумите, објави денес МинтПрес.

Единицата 8200 е нашироко позната и како групата која стои зад минатомесечниот напад со пејџери во Либан, во кој беа повредени илјадници цивили.

Авторот од МинтПрес, Алан Меклеод, рече дека не ги обвинува дека се сегашни шпиони, туку ја доведува во прашање нивната компатибилност за новинарство.

„Иако не велам дека овие лица се шпиони, но дали луѓето со вакво минато се навистина соодветни кандидати да пишуваат вести на Американците во врска со Израел/Палестина? Што ако бившите разузнавачи на Хамас/Хезболах сега ги водат работите во Си-Eн-Eн или на друго место?“, праша тој на Х.

Поранешни агенти на Единицата 8200, исто така, го креираа озлогласениот софтвер Пегасус кој се користи за надзор на новинари, активисти и шефови на држави низ светот, се вели понатаму од МинтПрес.

Единицата 8200, наводно, стои и зад Лаванда, софтверот со вештачка интелигенција што автоматски генерира списоци за убивање на десетици илјади жители на Газа и помош во смртоносната кампања за бомбардирање на енклавата.

AA
Популарни