Карамсон не сподели информација за кој датум станува збор / Photo: AA

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одреди датум за инвазија во градот Рафах во јужниот дел на Газа, изјави портпаролката на кабинетот на израелскиот премиер.

„Во врска со Рафах, Нетанјаху одреди датум и ќе влеземе во Рафах“, изјави Ракела Карамсон, портпаролка на Дирекцијата за национална јавна дипломатија при Кабинетот на премиерот.

Карамсон не сподели информација за кој датум станува збор, но рече дека патот до целосна победа во Газа е влез во Рафах.

Тврдејќи дека целта на Израел е „да се осигура дека Хамас не претставува закана за израелските граѓани“, Карамсон изјави дека ја ценат секоја поддршка што САД ќе ја пружат во постигнувањето на таа цел.

Одговарајќи на прашањето дали Израел е подготвен да го откаже својот одговор на иранската одмазда во замена за намалување на меѓународните приговори за копнениот напад врз Рафах, Карамсон рече: „Ниту една земја не би толерирала повеќе од 300 проектили да бидат истрелани врз нејзините граѓани. Затоа, од одлуката на премиерот зависи кога и како ќе се одговори“.

Катарскиот медиум Ал-Араби Ал-Џадид, цитирајќи се египетски официјални лица, објави дека САД „го прифатиле планот за напад на Рафах“, каде што се засолниле приближно 1,5 милиони раселени Палестинци, во замена Израел да не изврши сеопфатен напад врз Иран. Белата куќа потоа ги отфрли таквите наводи.

AA
Популарни