Посета на мавзолејот на Ататурк на 103-годишнината на Агенција Анадолу        Фото: АА

Претседателот на Управниот одбор и генерален директор на Агенција Анадолу, Сердар Караѓоз, и членови на делегацијата во Анкара го посетија Аниткабир, мавзолејот на Мустафа Кемал Ататурк, по повод 103-годишнината од основањето на новинската агенција Анадолу. Караѓоз придружуван од делегација во која се наоѓаа и замениците Јусуф Озхан и Огуз Енис Пери, положи цвеќе во мавзолејот на Ататурк.

Во книгата на честа, Караѓоз напиша:

„Новинската Агенција Анадолу, која е основана под ваше водство со цел целиот свет да го информира за нашата праведна борба во најтешките денови на нашата војна за независност, денес полни 103 години. Анадолу ја продолжува мисијата во согласност со филозофијата на основање и денес е една од најголемите светски агенции, објавувајќи содржини на 13 јазици во 144 земји.“

Тој истакна дека Анадолу ќе продолжи со своите проекти и во иднина да биде важен, веродостоен и доверлив извор на вести во светот.

Новинската агенција Анадолу основана е на 6 април 1920 година, 17 дена по отворањето на Големото народно собрание на Туркије, по инструкции на Мустафа Кемал Ататурк, за да биде гласот на Анадолија во светот за случувањата во војната за независност.

Со повеќе од 4.000 вработени од 139 различни националности, Анадолу во просек дневно објавува над 1.000 вести, повеќе од 4.000 фотографии, 15 инфографици, 357 видеоматеријали и 54 мултимедијални содржини.

Анадолу, која се наоѓа меѓу највлијателните и најугледните новински агенции во светот, на своите претплатници им доставува најнови содржини од најтурбулентните светски подрачја, а со вестите и визуелните содржини прави разлика, особено во географските подрачја каде е тешко да се извршува новинарската работа.

Анадолу со голем интерес се следи не само во Туркије, туку и во светот, првенствено поради вестите, фотографиите и видеосодржините кои на претплатниците им се сервираат на 13 јазици - турски, англиски, арапски, руски, француски, шпански, сорани, персиски, индонезиски, македонски, босански, албански и курманџи.

AA
Популарни