Израелската армија не го коментираше видеото и извештајот на телевизијата / Photo: AA

Еден израелски радиодифузер откри, како што го нарече, „ретко видео“ во кое е снимен израелски тенк кој отвора оган врз куќа во која се сместени 15 израелски доселеници во кибуцот Бери во појасот Газа на 7 октомври.

Канал 12 објави дека „15 доселеници биле држени од палестински милитанти во една од куќите на северниот раб на населбата“.

На видеото се слуша гласот на израелски офицер на хеликоптер кој лета над Бери, кој преку преносниот уред го информира соговорникот дека гледа густ чад како се издига од северот на населбата, каде се гледа како се појавуваат армиски возила на „Каракал“ баталјонот на израелската армија.

Канал 12 наведе дека „видеото покажува како тенк испукува граната врз куќата на Беси Коен, додека милитантите на Хамас се засолниле внатре со заложници.

Заклучно со 19.30 часот вчера, израелската армија не го коментираше видеото и извештајот на телевизијата.

Ова не е прв пат да се појават извештаи и сведоштва кои укажуваат на тоа дека израелската армија целела доселеници за време на нападот на Хамас на 7 октомври.

Ова го потврдија и очевидци за весникот „Херац“.

Хадас Даган, која со сопругот се криела пред куќата во која биле заробени нејзините соседи, исто така изјавува дека била повредена од парче шрапнел кога била гаѓана куќата на нивниот сосед.

На 11 ноември, весникот Хаарец откри дека израелски хеликоптер од базата Рамат Давид отворил оган кон милитантите на Хамас за време на забава во населбата Реим, погодувајќи голем број Израелци присутни таму.

Весникот, повикувајќи се на извори во израелската полиција, посочи дека на забавата биле убиени вкупно 364 лица.

AA
Популарни