Потресни сцени: Деца во Газа со часови чекаат ред за оброк / Photo: AA

Израелските напади врз Појасот Газа траат со месеци без престан. Покрај нападите, жителите на Газа се соочуваат и со глад поради израелските блокади во опколената палестинска енклава.

Илјадници Палестинци се соочуваат со опасност од глад и жед во Појасот Газа.

Фотографиите кои доаѓаат од Рафах во Газа се потресни. На нив се гледаат деца кои чекаат храна што ја делат хуманитарни организации.

Илјадници Палестинци се соочуваат со опасност од глад и жед во Појасот Газа AA
Децата чекаат храна што ја делат хуманитарни организации AA
Покрај нападите, жителите на Газа се соочуваат и со глад поради израелските блокади во опколената палестинска енклава AA

Во нападите врз Појасот Газа од страна на Израел кој е обвинет за геноцид, загинаа 28.576 Палестинци, а 68.291 беа повредени.

Според податоците на Обединетите нации, поради израелската офанзива, 85 отсто од населението на Појасот Газа е внатрешно раселено и се соочува со акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена.

AA
Популарни