Во соопштението се додава дека израелската армија нападнала десетина домови во Џабалија / Photo: Reuters

Повеќе од 150 Палестинци се убиени и повредени оваа вечер во израелските воздушни напади, чија цел биле десетина домови во Џабалија, во северниот дел на Појасот Газа, подрачје кое израелската армија го држи под опсада веќе 20 дена.

„Во Џабалија се случува страшен масакр, со над 150 мртви и повредени во израелското бомбардирање“, објави Управата за цивилна заштита на Газа.

Во соопштението се додава дека израелската армија нападнала десетина домови во Џабалија.

Израелските окупаторски сили го бомбардираа целиот станбен блок во тоа подрачје, а граѓаните сѐ уште повикуваат на помош за транспорт на повредените“, се нагласува во соопштението и се додава:

„Жителите се соочуваат со големи потешкотии во евакуацијата на мртвите и ранетите, откако израелските сили ги прекинаа операциите на цивилната заштита и медицинските служби во северниот дел на Газа.“

Израелските сили воспоставија опсада врз северниот дел пред околу три недели, напаѓајќи од воздух и од земја, опколувајќи ги болници и засолништата за бегалци и издадоа наредба населението да тргне кон југот од Појасот Газа. Болниците во тоа подрачје или престанаа да даваат медицински услуги или едвај функционираат поради офанзивата.

Во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври минатата година се убиени 42.847 Палестинци, од кои околу 17.000 деца и 11.378 жени, а 100.544 луѓе се ранети.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во Појасот Газа.

AA
Популарни