Повторно се прекинати телефонските и интернет услугите во Појасот Газа

Повторно се прекинати телефонските и интернет услугите во Појасот Газа

Од почетокот на Израелската војна во Газа по 8-ми пат исклучени се телекомуникациските услуги во Појасот
Повторно се прекинати телефонските и интернет услугите во Појасот Газа / Photo: AA

Телефонските и интернет услугите повторно беа прекинати низ Појасот Газа поради тековните израелски воздушни напади, соопштија доцна синоќа од Палестинската компанија за мобилни комуникации (Јаввал).

„Се случи целосен прекин на фиксните и интернет комуникациските услуги во Појасот Газа поради тековната израелска агресија“, се вели во соопштението на компанијата.

„Нашите технички тимови вредно работат на обновување на услугите и покрај опасните теренски услови“, се додава.

Последното исклучување е осмо од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас на 7 октомври.

Израел започна масовна воена кампања врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас на 7 октомври, при што според локалните здравствени власти загинаа најмалку 20.915 Палестинци, главно жени и деца, а беа повредени 54.918 други.

Нападот ја остави Газа во урнатини, при што 60% од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена, а речиси 2 милиони луѓе се раселени поради сериозниот недостиг на храна, чиста вода и лекови.

Се верува дека околу 1.200 Израелци биле убиени во нападот на Хамас.

Тел Авив вети дека ќе го уништи Хамас и ќе обезбеди ослободување на сите заложници земени за време на нападот во октомври. Некои од нив беа вратени по привременото примирје во ноември во замена за некои палестински затвореници.

AA
Популарни