Право на глас имаат на изборите во Туркије имаатнад 64 милиони гласачи / Photo: AA

Турските гласачи се подготвуваат за гласање на претседателските и парламентарните избори што ќе се одржат на 14 мај.

Повеќе од 64,11 милиони луѓе ќе гласаат на изборите на кои ќе учествуваат четворица претседателски кандидати, 24 политички партии и 151 независен кандидат за пратеник.

Реџеп Таип Ердоган, Мухарем Инџе, Кемал Киличдароглу и Синан Оган ќе се натпреваруваат во трката за претседател, според редоследот на гласачкото ливче.

Гласањето ќе започне во 08:00 часот по локално време, а гласачките кутии ќе бидат затворени во 17:00 часот во 87 изборни единици.

Над 4,9 милиони луѓе ќе гласаат првпат.

Формирани се и комисии за гласачките кутии во 75 држави и 156 претставништва во странство.

Гласањето на царинските премини и претставништвата во странство ќе започне на 27 април. На царинските премини гласањето ќе заврши на 14 мај во 17:00 часот по локално време, додека во странските претставништва ќе заврши на 9 мај. Гласачите запишани во избирачкиот список во странство ќе може да гласаат 24 часа секој ден, вклучително и празниците.

Во странство својот глас може да го дадат околу 3,41 милиони луѓе, а 277.646 од нив ќе гласаат првпат.

AA
Популарни