Хохштајн се очекува да го посети Либан подоцна во текот на денот / Фото: Reuters Archive

Неколку села во јужен Либан беа низ целосен мрак кога тешка артилерија погоди столбови и електрични линии за време на бомбардирањата на израелската армија во понеделникот вечерта.

Според официјалната либанска Национална новинска агенција, тешкото израелско гранатирање на Раб ал Талатин предизвикало прекин на електричната енергија во неколку јужни села, вклучувајќи ги Тајбех и Деир Серијан.

Размената на оган, меѓу израелската армија и групата Хезболах со седиште во Либан, продолжува и во време на важната посета на Израел од страна на Амос Хохштајн високиот советник на американскиот претседател Џо Бајден, чија цел е да се смират тензиите меѓу Израел и Либан.

Хохштајн се очекува да го посети Либан подоцна во текот на денот, како дел од неговите напори за смирување на ситуацијата.

Од почетокот на војната во Газа минатиот октомври, секојдневно има размена на оган, а илјадници цивили се раселени од двете страни на заедничката граница.

Тензиите се засилија долж границата на Либан со Израел поради прекуграничните напади меѓу Хезболах и израелските сили додека Тел Авив продолжува со својата смртоносна офанзива на Појасот Газа, во која загинаа повеќе од 37.300 луѓе од октомври минатата година по нападот на Хамас.

AA
Популарни