Преку Црноморскиот коридор пренесени над 30,5 милиони тони жито / Photo: AA

Преку коридорот за жито низ Црното Море, што беше воспоставен како дел од договорот постигнат со посредство на Туркије и Обединетите нации (ОН) минатата година, од 1 август 2022 година транспортирани се над 30,5 милиони тони жито.

Според Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA), досега се транспортирани повеќе од 15,5 милиони тони пченка, 8,4 милиони тони пченица, 1,7 милиони тони сончогледова пулпа, 1,5 милиони тони сончогледово масло, 1,3 милиони тони јачмен, 0,98 тони семе од репка, 0,76 милиони тони соја, 0,22 милиони тони семки од сончоглед, 0,11 милиони тони канола и 0,13 милиони тони други житни производи.

Туркије, ОН, Русија и Украина го потпишаа првичниот договор во Истанбул во јули минатата година за обновување на извозот на жито од три украински пристаништа на Црното Море, што беше стопиран по почетокот на руско-украинската војна во февруари 2022 година.

Во Истанбул беше формиран Заеднички координативен центар со официјални претставници од трите земји и ОН за надгледување на испораката.

Договорот требаше да истече на 18 мај, но е продолжен на два месеца.

TRT Balkan / агенции
Популарни