Претседателот на Република Туркије Реџеп Таип Ердоган утре ќе престојува во еднодневна посета на рускиот град Сочи каде ќе се состане со рускиот колега Владимир Путин за да разговараат за билатералните односи и меѓународните прашања.
Ердоган и Путин ќе се состанат лично вторпат во 17 дена. Претходно се состанаа во главниот град на Иран, Техеран, на трилатералниот состанок со претседателот на Иран Ебрахим Раиси.
Лидерите тогаш се состана на 7. Самит во Астана форумот со цел да разговараат за неодамнешните случувања во Сирија, борбата против терористичките групи кои претставуваат закана по регионалната безбедност, посебно ЈПГ/ПКК и ДЕАШ, како и хуманитарната ситуација и доброволното враќање на Сиријците.
Во текот на состанокот на 19 јули , тие го осудија зајакнатото присуство и активностите на терористичките групи и нивните ограноци под различни називи во разни делови на Сирија.
Туркије постојано ја нагласува својата одлучност да ги искорени терористичките организации, вклучувајќи ги ДЕАШ и ПКК, заедно со сирискиот огранок ЈПГ, кои се закана за безбедноста во Сирија.
Туркије најави можност на покренување на уште една антитерористичка операција во северна Сирија, по низата операции покренати во последните години.
Освен за Сирија, Ердоган и Путин ќе разговараат и за руско-украинската војна, која трае веќе шест месеци.
Благодарејќи на дипломатските напори на Туркије да го деблокира извозот на жито од Украина, првиот брод со жито кој го напушти украинското пристаниште во време на војна помина низ турските мореузи, по извршените контроли во Истанбул вчера, на пат за Либан. Многумина веруваат дека оваа испорака е помош за ублажување на глобалната прехранбена криза.
Туркије, ОН, Русија и Украина потпишаа на 22 јули историски договор за повторно отворање на три украински пристаништа за извоз на житарки кој беше во застој со месеци, а во прашање се Одеса, Черноморск и Јужни.
Товарниот брод „Разони“ под знамето на Сиера Леоне, натоварен со повеќе од 26.500 тони пченка, е првиот брод натоварен со жито кој го напушти украинското пристаниште Одеса, а откако доби дозвола во Истанбул, ја продолжува пловидбата кон конечната цел, либанското пристаниште Триполи.
Ердоган и Путин на состанокот ќе ги проценат билатералните односи, фокусирајќи се на подрачјата на економијата, трговијата и енергетиката кои претставуваат движечка сила на турско-руските врски.
Лидерите ќе разменат мислења за можните чекори за јакнење на билатералната соработка.