Претседателот на Република Туркије Реџеп Таип Ердоган вчера го изрази своето најдлабоко сочувство поради смртта на британската кралица Елизабета Втора.     Фото: АА

Претседателот на Република Туркије Реџеп Таип Ердоган вчера го изрази своето најдлабоко сочувство поради смртта на британската кралица Елизабета Втора.

„Со тага дознав дека денес починала кралицата Елизабета Втора. Мое најдлабоко сочувство до кралското семејство и народот на пријателската и сојузничка влада на Обединетото Кралство“, напиша претседателот Ердоган на Твитер.

Елизабета Втора почина вчера во Шкотска како монарх со најдолг стаж во британската историја. Бакингамската палата соопшти дека „починала мирно“ во дворецот Балморал.

Кралицата на тронот ја наследува највозрасниот син Чарлс, принцот од Велс, кој има епитет на најдолговечниот британски престолонаследник.

AA
Популарни