Претседателот на Република Туркије Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараше со израелскиот премиер Јаир Лапид за билатералните односи и регионалните прашања.
Ердоган на Лапид му рече дека Анкара што поскоро ќе ги преземе потребните чекори за именување амбасадор во Израел.
До разговорот дојде неколку часа откако турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека Туркије и Израел одлучиле да именуваат амбасадори со цел нормализација на односите на двете земји.
Во разговорот, Ердоган рече дека поддржува развој на соработка, дијалог помеѓу Туркије и Израел, изграден врз основа на одржлива основа, почитување на меѓусебната чувствителност.
Ердоган исто така изрази задоволство од напредокот во односите во рамките на договореното во текот на неодамнешните посети на Лапид и израелскиот претседател Исак Херцог на Туркије.
Посетата на Херцог во март, после која следуваа заемни посети на министрите за надворешни работи на двете држави, придонесе кон релаксација на односите по повеќе од деценија напнатост.