Туркије во 2023 година од туризам оствари приходи од 54,3 милијарди долари. Тоа е раст од 16,9 отсто на годишно ниво, објави денеска Турскиот институт за статистика ТуркСтат.
Вкупниот број на туристи во земјата во 2023, вклучително и турските државјани кои живеат во странство бил 57 милиони. Тоа е зголемување за 11,1 отсто на годишно ниво, соопшти ТуркСтат.
Додека 67,6 отсто од туристите ја посетиле Туркије главно поради патување, забава, спортски и културни активности, 67,4 отсто од турските граѓани кои живеат во странство ја посетиле за да се видат со роднините и пријателите.
Само во последниот квартал, приходот од туризмот се зголеми за 6,8% и изнесувал 12,27 милијарди долари, а во земјата допатувале 12,4 милиони туристи, што е за 4,1% повеќе во однос на истиот квартал 2022 година.
Минатата година бројот на турски државјани кои ги посетиле странските земји се зголемил за 52,3% односно странски земји посетиле 11,06 милиони турски државјани, додека просечната потрошувачка била 639 долари по глава на жител.