Приватниот сектор во Газа загуби 1,5 милијарди долари поради војната / Photo: AP

Загубите на бизнисите од приватниот сектор во Палестина достигнаа приближно 1,5 милијарди долари во првите два месеци од разорниот напад на Израел врз Газа, соопшти палестинското Централно биро за статистика (ПЦБС).

ПЦБС во своето соопштение рече дека дневните загуби на приватниот сектор во Газа се проценуваат на 25 милиони долари, „освен директните загуби во имоти и загуби на имоти“.

Вкупниот број на претпријатија или објекти од приватниот сектор во Палестина е 176.000, од кои 56.000 се во Газа и 120.000 се во окупираниот Западен Брег.

„Примарните резултати покажаа дека 29 отсто од вкупните претпријатија на Западниот Брег беа сведоци на опаѓање или прекин на производството поради изрелската агресија, додека пак повеќето претпријатија во Газа го прекинаа своето производство“, додаде ПЦБС.

И како резултат на постојаните смрттоносни напади на Израел врз Газа, „околу 89 отсто од вкупниот број вработени во Газа се без работа“.

Смртоносен напад

Израел ја нападна Газа по прекуграничниот напад на палестинската група на отпорот Хамас на 7 октомври, при што според локалните здравствени власти загинаа најмалку 21.110 Палестинци, главно жени и деца, а беа повредени 55.243 други.

Се верува дека околу 1.200 Израелци биле убиени во нападот на Хамас.

Израелските напади ја оставија Газа во урнатини, со половина од становите на крајбрежната територија оштетени или уништени, а речиси 2 милиони луѓе се раселени во густо населената енклава поради сериозен недостиг на храна и чиста вода.

TRT Balkan / агенции
Популарни