Привремениот претседател на Сирија утре во посета на Туркије / Photo: AA

Привремениот претседател на Сирија Ахмед ал Шара, на покана на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, утре ќе престојува во официјална посета на Анкара, објави на социјалната мрежа Х, Фахретин Алтун, шефот за комуникации на Туркије. Според неговата најава, на средбите што ќе се одржат во Претседателската палата ќе се разговара за сите аспекти на најновите случувања во Сирија и заеднички чекори што двете земји ќе ги преземат со цел економска обнова, воспоставување одржлива стабилност и ќе се разговара за безбедноста во земјава. Посебен фокус, како што наведе, ќе биде ставен на поддршката што би можела да им се даде на привремената администрација и на сирискиот народ на мултилатерални платформи. Алтун изрази уверување дека односите меѓу Туркије и Сирија, обновени по постигнувањето на сириската слобода, дополнително ќе се зајакнат и унапредат со посетата на сирискиот претседател и неговата делегација.

TRT Balkan / агенции
Популарни