Уапсени 13 напаѓачи кои упаднаа во еквадорска телевизија и држеа заложници / Фото: AA

Полицијата и вооружените сили на Еквадор презедоа серија акции за справување со вооружените банди кои претходно упаднаа во студиото на национална телевизија во Гвајакил.

Напаѓачите ги држеа како заложници вработените во телевизијата додека програмата одеше во живо.

„Полициската операција во Телевизија ТЦ беа уапсени 13 лица, оружје, експлозиви и други докази“, објави Цезар Аугусто Запата началникот на полицијата на Еквадор, на социјалната мрежа X.

Претседателот Даниел Нобоа издаде декрет со кој го признава постоењето на „внатрешен вооружен конфликт“ во земјата.

„Само што потпишав декрет за вонредна состојба за вооружените сили да ја имаат сета политичка и правна поддршка во нивните акции“, рече Нобоа на социјалните мрежи.

Тој, исто така, им нареди на вооружените сили да спроведат воени операции за „неутрализирање“ на организираните криминални групи. Криминалните банди упаднале и во локалниот универзитет, а извршени се и серија киднапирања.

Еквадорската полиција извести дека тројца полицајци кои биле киднапирани од членови на банда биле спасени во операција во градот Мачале доцна во вторникот.

Членовите на бандата во затворите држат како заложници повеќе од 130 чувари и неколку се убиени, јавуваат локалните медиуми.

Немирите доаѓаат по исчезнувањето од затвор на еден од најопасните водачи на криминални банди.

Хозе Адолфо Масијас, алијас „Фито“, беше пријавен како исчезнат во неделата од неговата високобезбедна ќелија во затворот во градот Гвајакил.

По неговото бегство избиле и неколку бунтови во казнено-поправните установи во Еквадор.

AA
Популарни