Стапи на сила 4-дневната хуманитарна пауза во сите подрачја во Појасот Газа меѓу израелската армија и Хамас, привремено запирајќи ги нападите за размена на затвореници и за помош.
Хуманитарната пауза на сила стапи во 7 часот по локално време.
Израел проценува дека најмалку 239 Израелци се држат од страна на Хамас по прекуграничниот напад на палестинската група на 7 октомври.
Израел започна брутални воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група на отпорот, Хамас, на 7 октомври.
Властите во Газа во вторникот соопштија дека бројот на загинати во израелските напади врз опколената енклава оттогаш достигнал 14.854, од кои над 6.150 се деца, и над 4.000 жени, додека повеќе од 36.000 лица се повредени.
Бројот на загинати во Израел изнесува околу 1.200, соопштија израелските власти.